Баш моето, сингуларно јас – Патриција Кавали

Препев од италијански: Вики Младенова

4

Баш моето, сингуларно јас

ПАТРИЦИЈА КАВАЛИ

 

Скоро секогаш, кога некој е среќен и вулгарен е; 

удоволеноста содржи една мисла

која ита и нема време да се загледа

туку одминува целовито и манијакално

на оној кој веќе умира, со жестина се обраќа.

Напред со животот, вишувај, само напред!

Кој е премален во болка не стапка

како незадолжително веселите тркачи 

туку бавно чекори со нему сличните.

Ако едното тркало зачепи, а другото уште врти

тоа што врти не престанува да врви

колкугоде понапред оди и го поминува другото

во една кутра и трескава трка

сѐ дотаму каде двоколката или застанува или опаку се превртува. 

 

 

Препевот го посветувам на мојата „Луиз“, Ана Кнежевиќ.

НАПИШАНО ОД:

Вики Младенова

Oct 21, 2022

Коментари
Scroll to Top