Црвенило на работ од сомнежот.
Бомбата се собира во еден атом
во нечиј сон.
Ајде да сонуваме
како се уништува уништувањето
и како изумрените видови
се враќаат во својот дом
додека црвенило не го краси небото
и лустерот не се тресе
во три наутро
без повод
испеглано сако на телевизија
најавува нов чин, но
завесата се спушта само еднаш.