Нема ништо полошо
од тоа да се осеќам лошо и
да не можам да ти кажам.
Не зашто би ме убил,
или би те убило, или
зашто не се љубиме.
Простор. Небото е сиво
и чисто, со розови и
сини сенки под секој облак.
Ситно авионче ги остава своите
траги над зградата ОН.
Моите очи, како милион
стаклени квадрати, само одразуваат.
Провиден сум.
Дење ми е прежешко
а ноќе смрзнувам; не сум јас граден за
реката и блага бура
би ме здробила до коска.
Зошто не одам кон исток и запад
наместо север и југ?
Архитектот е крив.
А за неколку години ќе сум
бескорисен, бетер од деловна
градба. Зашто ти телефон
немаш и живееш толку
далеку; рекламата Пепси-кола,
галебите и галамата.