Борки – Драган Студен

Превод од српски: Лени Фрчкоска

6

Борки

ДРАГАН СТУДЕН

 

Ќе бележиме со јаглен

ќе ја оживееме жарта

и ќе нè запомните.

Влеземе ли на сликата 

обесена на ѕидот

ќе личиме само на себеси самите

 

Нема да престанеме

да исфрламе земја од ровот

за да не нè затрупа

 

Времето згуснато

ќе го распарчиме

а ножот безнадежен

ќе се пеплоса во сржта

 

Влеземе ли на сликата на ѕидот

ќе останеме таму

за век и веков

 

Од збирката „Изгубена револуција: АФЖ меѓу митот и заборавот“

НАПИШАНО ОД:

Тимот на Медуза

Sep 30, 2022

Коментари
Scroll to Top