Чудесен живот – Патриција Кавали

Препев од италијански: Вики Младенова

Untitled design (3)

Чудесен живот

ПАТРИЦИЈА КАВАЛИ

 

Што не треба да правам

за да ѝ се иставам

на мојата непријателка свесноста:

трајна противничка 

на веселката вина да бидам тоа што сум, 

моето веселко ништо.

 

 

Патриција Кавали е современа италијанска поетеса. Била родена во 1947 во Тоди (Италија), а во 1968 се преселува во Рим, каде што студирала филозофија, и потоа се посветува на преводи на театарски текстови. Соработувала со повеќе театри во Италија, како и со програмата за радио-драми на Раи.

Има објавено повеќе збирки поезија, а последната збирка Чудесен живот (Vita Meravigliosa) ја објавува со Еинауди во 2020. Во тој период боледува од тешка болест за која како што кажува во интервјуто со Роберта Скоранезе: „болеста, во овој момент, велат дека се повлекува но ова проклето лечење ми ги одзема енергијата и сеќавањата. Како може да се пишува поезија без сеќавање? Поезија е да се земе нешто, да го отстраниш од него одвишното и да направиш одново да заблеска.“ Кавали умира во Рим, на 21 јуни оваа година.

Нејзината поезија има неоавангарден експериментален печат, издвојувајќи се по спонтаноста на исповедниот израз, колоквијалноста и иронијата, со видливо силно влијание на Елза Моранте. Покрај многумина кои критички ја ценат нејзината работа е и филозофот Џорџо Агамбен кој зборува за „речиси предисториска поезија … суверено лишувана од морални скрупули“. Верноста на себе, која се забележува во поетскиот израз на Кавали, доведува до една восхитувачка кохеренција. Во секој стих, нејзиниот поетски резон – како што стои во краткиот опис на Чудесен живот (Еинауди, 2020) – не бара, туку наоѓа.

– Вики Младенова за Патриција Кавали и нејзиното творештво

НАПИШАНО ОД:

Вики Младенова

Jul 8, 2022

Коментари
Scroll to Top