Живот чудесен
што секогаш ме очудуваш
што и без деца
остануваш верен
*
А пред да умрам
можеби ќе можам да ја разберам
мојата нејасна и затаена состојба
*
Или пак, за да не умрам
продолжувам без да разберам
убедена во оваа јасна забуна
*
Попусто да не беше сонувањето
на оној сон – толку понизен и стушен,
одложуван да биде полезен на секој мој страв,
матен одблесок на детските соништа,
измама и провидна фигура на едно зло
што во прва темница почнувам да го искупувам,
со вина на отрпнатост и непостојаност?
Чудесен Живот, Патриција Кавали, 2000 (Еинауди)