сега не пишувам често. не се тркам себе. со ѓаволчињата во главата. со времето. се кријам. во мали земјени дупки. чекам да се смири хаосот. мислам.
во ред е што луѓето си одат. во ред сум со нејасното. ми се мотка под нозе. улиците се прекршуваат. завива новата зима. немам притисок. не сум надвор од себе. смело гледам внатре.
треба да дозволам ново да стане сè. срцето да се обнови. често мислам дека нема сила. ме изненадува. уште посилно сака.
почнува да ми се допаѓа проза. неодредени вакви експерименти.
не знаеш што правиш ама продолжуваш. нешто излегува.
на сите ни треба игра. некој да нè повлече за рака. да нè однесе на ледина.
некаде каде се игра и пее. гласно. гласно. гласно.
на сите ни треба диско во главите излегува. животот омекнува по добар танц.
токму тогаш кога молчиш. кога веќе не ти се зборува. тогаш прекинува да те уморува.
барем за момент. додека гледаш. тој до тебе е мирен. и сè на кратко е во ред.
на пет минути забораваш колку те боли овој свет.