
Предлогот на Ennioa Neoptolomus (тајна состојка на скопското квир битие уште од девеести) за можен звук за падот на патријархатот најавува дека пукнатините не само што се направени, туку и веќе пополнети со розева материја, послушајте!
Johnny (р.1965, Атина, Грција) има работено и живеено во Мелбурн, Австралија и во Лондон, Велика Британија. Johnny е социјално ангажиран/а уметник/ца, јавен/на уметник/ца, радиофоничен/на продуцент/ка, звучен/на уметник/ца и диџеј/ка. Работата на Johnny ја обликуваат интервенции, јавни перформанси, инсталации, социјални скулптури, композиции и радио преноси. Радио праксата на Johnny се фокусира на истражување на начините на кои социјалната и економска фрагментација влијае врз родовата перформативност, и како квир теоретските идеи можат да ја нарушат оваа продукција.
Радио праксата на Johnny е и политичка и навремена. Покрај предавања, активизам и радио продукција, во моментов се бави со прашања што го проблематизираат родовото собирање на податоци; фокусирајќи се на обелодување на рамките кои можат или не можат да го промовираат сегашниот бран на епидемичен нарцизам и кои ја абсорбираат капиталистичката продукција на платформите.
НАПИШАНО ОД:
Тимот на Медуза
Feb 22, 2021