Диви гуски – Мери Оливер

Превод од англиски: Калиа Димитрова

Untitled design (1)

Диви гуски

МЕРИ ОЛИВЕР

 

Не мораш да бидеш добра.

Не мораш да чекориш на колена

стотици километри покајнички

по пустината.

Само остави го кроткото животинче во твоето тело

да го сака тоа што го сака.

Кажи ми за очајот, твојот, а јас ќе ти го кажам мојот.

Меѓувремено светот се врти.

Меѓувремено сонцето и бистрите камчиња од дождот

се движат низ пејзажите,

над ливадите и длабоките дрвја,

планините и реките.

Меѓувремено дивите гуски, високо во чистиот син воздух,

тргнуваат одново кон дома.

Која и да си, колку и да си осамена,

светот ѝ се нуди на твојата мечта,

те повикува како дива гуска, грубо и возбудливо

одново и одново го најавува твоето место

во семејството на нештата.

НАПИШАНО ОД:

Калиа Димитрова

Aug 26, 2022

Коментари
Scroll to Top