Добро знаеме што е видливост – Травис Алабанза

Препев од англиски: Калиа Димитрова

5

Добро знаеме што е видливост

ТРАВИС АЛАБАНЗА

 

Вратата од метрото се отвора.

Седнувам.

Избувнува смеа.

Добро знаеме што е видливост.

 

Преполн автобус.

Само седиштето до мене е слободно.

Ти избираш да стоиш.

Добро знаеме што е видливост.

 

Премногу твитови,

уште еден весник што лаже.

Повторно дебата на ТВ.

Добро знаеме што е видливост.

 

Пред некој ден ме нарекоа изрод

на линијата Викторија,

никој ништо не направи, но маж

кој наслушна продолжи да гледа

drag race на телефонот.

Како што без сомнеж некој што споделил

статија за феминизмот

тој ден остана со главата надолу.

Добро знаеме што е видливост.

 

Повеќе не барам видливост,

нема да го амортизира ударот.

Го знаеме чувството на видливост,

свесни сме што значи да бидеме видени.

Гледани. Следени.

Да се биде под лупа.

Повеќе не барам видливост,

наречете го ова посветеност кон нешто повеќе.

 

НАПИШАНО ОД:

Тимот на Медуза

Mar 29, 2024

Коментари
Scroll to Top