Терминот ‘Grrrl’ го остава спектарот на род и идентитет отворен и не се
однесува исклучиво на цис родовите жени, туку е политички термин за сите оние кои
се идентификуваат со женственоста.
Dope Saint Jude е продолжение и надоградба на drag king персоната на Catherine Saint
Jude Pretorious која во изминатите години правеше пародија на мачоистичките аспекти
во хип-хоп движењето. Дури и да ја ставите во една од кутиите со етикета
‘феминистка’ или ‘квир’, Dope Saint Jude создава музика и продуцира визуелни
деликатеси кои со сигурност ќе ве заинтригираат на повеќе нивоа.