
Дожд
РЕЈМОНД КАРВЕР
Сабајлево станав со страшна желба
да се излежувам цел ден в кревет
и да читам. Се противев минутка-две.
Потоа погледнав низ прозорецот,
го видов дождот. И се предадов.
Сиот се втопив во прегратот на дождливото утро.
Би го живеел ли животов повторно?
Би ги правел ли истите неопростиви грешки?
Да, камо да можев. Да.
НАПИШАНО ОД:
Тимот на Медуза
Apr 3, 2022