
Дваесет и една љубовна песна: втора
ЕДРИЕН РИЧ
Се будам во твојот кревет. Знам дека сонував.
Многу порано, алармот нѐ одвои една од друга,
ти веќе со часови седиш пред бирото. Знам што сонив:
нашата пријателка поетесата влегува во мојата соба
каде сум пишувала со денови
концепти, копии, песни расфрлани насекаде
и сакам да ѝ покажам една песна,
песната на мојот живот. Се двоумам
и се будам. Си ме бакнала во косата
за да ме разбудиш. Сонував дека си песна,
велам, песна што сакав некому да му ја покажам…
се смеам и тонам назад во сонот
со желбата да те покажам на сите што ги сакам,
да се движиме јавно
наспроти силата на тежата – што не е лесно –
што ја спушта пердувестата трева долж издишаниот воздух.
НАПИШАНО ОД:
Душица Лазова
Feb 18, 2023