Не те располови со издив
О небо,
ниту на двете прегради.
Еа виножито издиша.
Под жеден лак да префрли
пролет во грутка затворена
и зрно што не зачна полог со потполошка
О Прлице.
Недовршеното Еа го провира.
Не изѕуни светла сабја,
не замавна
О ѕунице
голтката да ти ја пресече.
Еа дланки доближа.
Поднавали лак,
божилаку,
грст вода да испиеш.
Од стихозбирката ,,ЕА” издадена 1984 г.