
Една уметност
ЕЛИЗАБЕТ БИШОП
Уметноста на губењето не е тешка ука;
многу работи се чинат полни со намера
да се губат што нивната гибел не е некоја бука.
Губи по нешто секој ден. Прифати брука
на изгубени клучеви, залудно потрошен час.
Уметноста на губењето не е тешка ука.
Вежбај да губиш повеќе, сè побрзо да штука:
места, и имиња, и каде што требаше
да одиш. Ништо од ова не е голема бука.
Го изгубив часовникот на мајка ми. И гледај! последната, или
претпоследната од трите сакани куќи отиде.
Уметноста на губењето не е тешка ука.
Изгубив два града, прекрасни. И, повеќе, оттука
царства што ги имав, две реки, континент.
Ми недостигаат, но не беше некоја бука.
—Дури и губењето на тебе (задевачкиот глас, гестот
што го сакам) не смеев да лажам. Јасно е
дека уметноста на губењето не е претешка ука
иако може да се чини (Напиши го!) како голема бука.
НАПИШАНО ОД:
Тимот на Медуза
Oct 28, 2022