
Еко-кожа
ФИЛИПА САРА ПОПОВА
Телото ми е сува црвена глина,
а душата преписка
меѓу умрени богови. Сама,
како заспана риба
пливам наопачки
во пресушена река
барам плисок на море, а увото
ми се претвора во скршена школа
и сета жед во ѓубриште
и секој жубор во асфалт
Телото ми е сува црвена глина
која некогаш бдеела бујна вода. Сега,
си бдеам над мртвата јас
ги бладам сите чинки, ги следам сите обреди
се тријам до избледнување
се ѕверам во себе до исчезнување
Повторно ја свлеков кожата
ќе има ли нова овој пат?
НАПИШАНО ОД:
Тимот на Медуза
Nov 18, 2023