Твоите раце свилени
очи-в-очи со сребреникастото лице на времето. времето,
сребреникасто и разголено, незауздано тече низ
порите – како див коњ кој само молитвата
на ветровите може да го скроти.
и онаа на небесните градини.
нахрани ја почвата своја со
фрагменти од она што од мене преостанало –
потребата да те сонувам
кога окото ќе се свие во капакот.
и да те слушам, измеѓу.
ровка ровка ровка
ќе стане почвата.
ќе даде леб. ќе даде
вино. и таму кајшто сите врати и
прозорци си ги затворил,
ќе никнат цвеќиња;
твојата темнина –
заробена.
твојот глас –
нејзин чувар.
сега, друга –
таму.
градинарка.
некоја кој пее како тебе; друга
уста, црвена, топла, како крвта која
навира во тебе дур ја слушаш.
лимените покриви на зградите
се тивки – не, замолкнати –
од светлината на сонцето кое потонува.
ја изгаснувам цигарата. си го гледам
одразот во валканата
стаклена врата, како лето ширум отворена.
која сум јас, прашувам, ако не ти
на работ на твоето доаѓање и
заминување?
воздухот пожолтен од тукушто запалените улични светилки,
распослан на земјата безгрешна и преку
твојата желба скриена? (коренита, недопрена, непогрешлива?)
не одговарам.
не одговара ни одразот во стаклото
изобличен сега од жештината која се намалува.
мислам дека и самото прашање
не бара одговор.
а, сепак, знам.
Твоите раце свилени очи-в-очи со синкастото на ноќта. времето,
сребреникасто и со ликот твој, тече
низ жиливе мои, низ градите,
низ колковите, низ мојата смисла за слобода –
како разитана река од јазик незборуван.
(речи дожд)
вино. леб.
(речи дожд)
цвеќиња. градинарка.
(речи дожд)
дожд.
дожд.
дожд.
на мапите од нашите смртни тела граничните линии се топат. и далечината губи смисла секаква.