го заривам јазикот
длабоко во туѓа уста
околу туѓиот јазик
го ставам својот
здив вдишувам
во кожата на туѓинецот
се лизгам надолу
под кашата
мисли од молк
го туркам го ставам
во туѓата уста
проголтувам
туѓа плунка
туѓа кожа слекувам
ја врзувам на себе
меѓу забите
спијат наслаги
туѓа крв