не е доволно да заминеш; мора да
биде засекогаш. истренирај си го
срцето како куче. смени ги бравите
дури и во куќата што никогаш не ја
посетил. ти среќлијке.
имаш стан голем
колку тебе. када
полна чај. срце колку
Аризона, но ни приближно
толку јалово. не си го одмилувај
твоето напукнато минато, твоите
искривени прсти, твоите проблеми
се хартиени кукли
што ги направи или купи зашто продавачот
на пазарот беше толку неодолив што
мораше да ги имаш.
и го имаше. и сега, го рушиш
мостот меѓу вашите куќи.
го тераш да се јави пред
да те посети. го земаш љубовникот здраво за готово, наоѓаш
љубовник кој те гледа
како божем да си магија. направи од првото шише што ќе го испиеш
во местово реликвија. стави го
на омилениот олтар
со нож и пет брусници.
немој премногу да ослабеш.
глупавите девојки секогаш се трудат
да исчезнат од одмазда. а ти
не си глупава. љубеше маж
со повеќе раце од парада
просјаци и се најде тука. срце
како кревет со балдахин. срце како
платно.
срце од кое тече нешто толку силно
што може да го сетат и на улица.