Газа
ХАЛА АЛИАН
Ова е чекај
Ова е не знаев дека прават чад колку океан
Ова е алуминиумско зајдисонце и сулфурни облаци
Ова е sabah el kheir (сабах ел Хер)
Утро на среќа
Утро на пепел
Ова е пареа и урнатини и осветлени тела
Ова е броење на своите изгубени
Ова е да се изгубиш во броењето
Ова е човек ја поздравува зората со глава навалена наназад
Ова е човек ја поздравува зората со шрапнел
Ова е не можам да бројам доволно брзо
Samhini
Ова е ќерка
Ова е половина сум твоја,
половина светлина породена од некоја свеќа
Ова е некој паралелен живот во кој таткото на татко ми севрте лево,
Грабна една шака земја и
наместо да замине,
остана
Ова е дијаспора
Ова е секогаш преку екранот
на телевизорот
Ова е секогаш погрешните прашања
Ова е пет други брегови
Ова е кукавичлук
Ова е не го менувај каналот
Најмалку што можеш да направиш
е да гледаш
Ова е дијаспора
Ти го носам името во Бангкок
Ти го носам името во Бруклин
Ова е кугла за разбивање од компас
Ова е чекај
Ова е не знаев дека прават небо толку
гладно
Ова е метал,
реинкарнација на метал
на сива пепел од деца под разрушените згради
Ова е небо од ножеви
Ова е тело не е тело туку силуета на
граден кош
И плиток гроб
Ова е историја на плитки гробови
Ова е посвети ја поемата
Ова е посвети ја песната
Ова е не посветувај поема ни песна
Посвети го здивот
Ова е не знаев дека оваа земја има челуст доволна да ги здржи сите нешта што твоите деца
ги испуштиле
од раце
Ова е село
Ова е селото цела недела јаде пепел
Ова е Алах
Ова е момчиња редат коски за среќа
Ова е девојчиња сушат цвеќиња за среќа
Ова е каква среќа е да се преживее еден
куршум
за друг?
Ова е црна вода и фосфорна риба
Ова е изгубена струја
Ова е раце калливи од пребарување
низ урнатините
Ова е раце калливи за било што што
дише
Ова е седум типа на болест
Ова е гневот е леб ако те држи жив
Ова е Allah ou akbar
моли се со двете раце
Ова е не знаев дека целите сте
раце и коски од катедрала,
целите земја во трепката
Целите заби заби заби со месеци
Ова е покрив исплетен од ноќно небо
шумички насадени од пепел
Ова е ти сеуште вриеш вода за
maramiyeh
Ова е ќерка
Ова не е пушка
Ова не е проектил
Ова е направи светот да ти го каже името на глас
преку Газа, преку Газа, преку Газа
додека да ти ја чујат музиката
зашто ова е преживеано
Ова е ти си сакан
Светлина се протега за тебе преку земја и море
И ти си во устата на брегот на Триполи и во ноќен клуб во Бостон и на ќош на улица во Париз
Ова е глас толку мек
Ова е samihina
Ова е samihina
Ова е ќерка
Ова е рецитирање на Фата на светлина од ламба
Ова е атлас
Ова е чекај
Ова е продолжи да чекаш додека една нишка се протега
Лесна и тенка преку океани
Ова е компас наоѓа исток
Ова е глас кој учи да крева
Ова е ќерка
и ние ќе ви го носиме името секаде.
Фотографија: Pandemic University