Không có gì bằng cơm với cá,
Không có gì bằng má với con.
Виетнамска поговорка
Зар не знаеш? Мајчината љубов
ја отфрла гордоста
ко огнот
што ги отфрла криковите
на она што го гори. Синко,
дури и утре
ќе го имаш денов. Зар не знаеш?
Постојат мажи кои допираат гради
ко да се
теме на череп. Мажи
кои носат соништа
преку планини, со мртовци
на нивните грбови.
Но само мајка може да чекори
со тежината
на второ срце што бие.
Глупчо еден.
Можеш да се изгубиш во секоја книга,
но никогаш нема да се заборавиш
ко бог што си ги заборава
рацете.
Кога ќе те прашаат
од каде си,
кажи им дека името
ти било одрано од беззабата уста
на една жена среде војна.
Дека не си се родил
туку си се втурнал, главечки–
во стрвноста на кучињата. Синко, кажи им
дека телото е сабја што се остри
кога сече.