Годините – Алекс Димитров

Препев од англиски: Душица Лазова

Untitled design (1)

Годините

АЛЕКС ДИМИТРОВ

 

Сите забави кои ги помина

во гледање во собата

од тераса

каде некој дојде

на цигара а потоа се врати.

Како испаѓа дека никој 

немал детство од соништата,

и како ќе ти го кажат ова

малку запиени, малку навалени

побргу од што им требаше

да ја допушат цигарата

бидејќи тажните нешта

не можат да се објаснат.

Oтаде стаклото и внатре,

целото друштво цврцнало.

Се осеќаше обликот

на нивните гласови. Во очите

им се познаваше дека се

некаде на друго место. 1999

или 2008 или минатиот јуни.

Се разбира, важно е

да се оди на забави. Животот

да ти стане фустан или пијачка

или антилоп кондури што некој ги облекол

на дожд. По пат накај дома,

одзади во колата, вечерното небо

си поигрува со старите трикови. Ѕвездите

тивко се наредиле.

Оној на кого помисли замина

под нив со колата. Далеку од забавата,

(исто како тебе) во годините.

 

НАПИШАНО ОД:

Душица Лазова

Apr 22, 2022

Коментари
Scroll to Top