И еве го,
гори.
Пуштило коси
до Езеро,
божем одбива
среќа исцедена
во пламен.
Зборувај ми за љубов, Небо,
зашто само ти искрено
знаеш да го љубиш Сонцето,
та поцрвенуваш од возбуда,
та посинуваш од нежност,
та потемнуваш од мака.
Јас не знам за љубов,
јас само горам
и гледам во тебе,
ти љубоморам,
сакам и јас да пуштам коси,
да почувствувам длабочини,
да знам како е да си високо –
Високо во облаците и
со облаците.
Да љубиш, да црвенееш,
кажи ми, те молам,
како е?
Зашто еве ме,
горам.