Годината кога се качив на хидроавион
и заминав некаде каде никој не можеше да ме најде.
Годината кога најдов цигара
во винтиџ јакна од 1999.
Годината кога бев русокос.
Годината кога читав само романи
напишани пред војните.
Или како има толку многу болка во светот а нема мерка за неа.
И како има толку многу болка во светот,
но не и во оваа песна.
Во оваа песна: бело небо.