
Избриши прашина ако мораш да бришеш
РОУЗ МИЛИГАН
Избриши прашина ако мораш да бришеш,
но, зар не е подобро да сликаш, или писмо да пишеш,
да испечеш торта, или засадиш семка,
да ја промислиш разликата меѓу потреба и желба?
Избриши прашина ако мораш да бришеш,
но, не губи време
со толку реки за пливање и планини на претек;
музика за слушање, за читање книги,
пријатели за радување, живот да се движи.
Избриши прашина ако мораш да бришеш,
но, цел свет го имаш, ете,
со сонце во очи и во коси ветер;
виежи снежни, врнежи нежни,
овој ден не се враќа веќе.
Избриши прашина ако мораш да бришеш,
но, имај на ум, староста нема да дојде милум,
и кога ќе заминуваш (а ќе мораш да си одиш)
ти самиот поголема прашина ќе се сториш.
„Одбрав да ја препејам оваа песна зашто ми претставуваше предизвик да преведувам песна што се римува. Сакав да си ги извежбам трпението и креативноста додека ги изнаоѓав решенијата во преводот. Песната е навидум едноставна, но всушност не беше лесна задача да се долови на македонски јазик без да се изневери читателот на препевот. Инаку, со песната се приврзав уште на првото читање затоа што ја слави битноста и убавината на едноставностите во животот.“
– Моника Стојановска за својот поетски избор
НАПИШАНО ОД:
Тимот на Медуза
Jul 30, 2022