J-E-T-S – PLAY (Feat. Mykki Blanco)

‘PLAY’ е свеченото отворање на годината која најавува многу нова музика од Mykki Blanco, кој ова гостување со своите заразни стихови на кратката и заводлива индустриски хаус трака го искористи како тизер за неговиот втор албум кој допрва треба да се појави.

J-E-T-S - PLAY (Feat. Mykki Blanco)
J-E-T-S - PLAY (Feat. Mykki Blanco)

J-E-T-S е музички проект кој се роди како соработка помеѓу Jimmy Edgar и Machinedrum во 2012, а ‘PLAY’ е најава за нивното повторно враќање после повеќегодишна пауза. Поединечно, Jimmy и Machinedrum се хиперпродуктивни продуценти кои изминатава декада создаваа модерна подлога за низа поп, соул, фанк и хип-хоп артисти како Jesse Boykins III, Jamie Lidell и Azealia Banks. Сепак, она што е највозбудливо за ‘PLAY’ е свеченото отворање на годината која најавува многу нова музика од Mykki Blanco, кој ова гостување со своите заразни стихови на кратката и заводлива индустриски хаус трака го искористи како тизер за неговиот втор албум кој допрва треба да се појави.

Идентитетите, талентите и политичките ставови на Mykki кои тој ги зазема, рефлектира и по кои го препознаваат во изминативе години се многубројни, радикални и исклучително важни, па слободно може да го наречете еден од основоположниците на новиот бран квир-хоп, родово флуиден активист за правата на луѓето кои живеат со ХИВ, поет и музичар признаен од великани како Saul Williams и перформер истовремено славен од публиката и протеруван од полицијата во андерграунд клубовите од Санкт Петербург до Хо Ши Мин.

 

 

 

 

Дiskorдia
Ивана Драгшиќ
Стефан Богески

НАПИШАНО ОД:

Тимот на Медуза

Jan 23, 2019

Коментари
Scroll to Top