Janex – Around Me

Janex е девојка која оригинално доаѓа од Тирана, Албанија, но веќе три години живее и твори во Њу Јорк, САД.

Screenshot (75)

Поради тоа што е мултиинструменталистка, таа доаѓа од разноврсно миље и има работено на музички шоуа, компонирано филмска музика и настапувано на музички фестивали во различни формации. По селењето во Њу Јорк, таа запишува и студии по Музичка и аудио технологија.

Џенекс ја запознавме на овогодинешниот Turtle Festival во Дерми, Албанија, каде го имаше најимпресивниот суптилно-соничен настап, на сред многу жежок летен ден, со многу релаксирана и пријателска публика. Настапот излезе како една боја во совршено нијансирана слика, што беше тој ден.

Синглот Around Me делува како сумирање на летото кое таа го помина во настапи во родната Албанија, но и како најава за нејзиниот деби албум кој треба да излезе рано наредната година. Послушајте го овој пријателски синт поп и информирајте се повеќе за работата на оваа девојка на https://www.janexmusic.com/.

 

 

 

 

 

 

Дiskorдia
Ивана Драгшиќ
Стефан Богески

НАПИШАНО ОД:

Тимот на Медуза

Oct 8, 2019

Коментари
Scroll to Top