
Како да убиеш нешто живо
ЕВЛИН Н. ОХА
Занемари го,
Критикувај го в лице
Кажи му дека ја убива светлината
Го привлекува сиот шут
и ти додева со зелената боја
Постојано
Стврднувај го твоето срце
Потоа
Пресечи го што поблизу до коренот
Заборави го на една недела или месец
Врати се со секира
Расцепи го со еден удар
Вметни му камен
Да ја држи раната широко отворена
НАПИШАНО ОД:
Тимот на Медуза
Nov 10, 2023