
Картографија
МАЈА ХЕРМАН СЕКУЛИЌ
Боите на картографот се имагинарни.
Сините планини се смеѓи, а смеѓите реки сини.
Земјата е побурна од водата.
Картографијата е поетика без хиерархија.
Еднакво ѝ се блиски и дно и врв и Север и Југ.
Територијата е апстракција на изгазена трева,
на други сенки во паркот на зајдисонце од страната на Срем,
излупени фасади, пролетен мирис на липа,
дур картата претходи и го надживува реалното,
зашто се протега до самите граници на споменот.
Територијата е таа што пука по рабовите,
а картата одново ја раѓа незасегната од растурот.
НАПИШАНО ОД:
Калиа Димитрова
May 19, 2023