Kedr Livanskiy – Ariadna

Додека го преслушаме најновиот албум на Kedr Livanskiy – Your Need, песна на оваа недела е нејзиниот насловен сингл од албумот од 2017 година, Ariadna.

img-8179

Лирски сродна на Athene на Hercules & Love Affair, оваа ствар практично на ист начин го воспева принципот по кој Аријадна се издвојува од другите ликови во грчката митологија, а бонус за посветените слушателки е и митолошката поврзаност на овие две госпоѓи, божица и принцеза.
Музички пак, станува збор за маглива, поетична електроника, која дефинитивно ја оддава афилијацијата на Јана Кедрина кон постари битови и ритмови, кои ги прават нејзините живи настапи особено возбудливи и забавни. На токму таков настап, на 8 Март 2019год. 1/2 Медуза и 1/2 ДSKORДIA ја открија оваа пролетна самовила од северот (Москва).

На прво слушање, новиот албум на Јана Кедрина делува подинамично од досегашните нејзини продукции, а подеднакво го слави наследството од електронската музика кое нејзиниот материјал го лансира од „музички предели“ во „музика за подиум“. Преубаво слевање на контрадикторности, и во музиката и во ликот на оваа девојка – либанскиот кедар од ладната Русија.

 

 

 

 

 

 

Дiskorдia
Ивана Драгшиќ
Стефан Богески

 

НАПИШАНО ОД:

Калиа Димитрова

May 30, 2019

Коментари
Scroll to Top