Колнеж за елегии – Ен Секстон

Препев од англиски: Марија Шаклева

Untitled design (6)

Колнеж за елегии

ЕН СЕКСТОН

 

О, драги, зошто се расправаме вака?
Уморна сум од твоите побожни муабети.
Умoрна сум и од сите мртви.
Не сакаат да слушаат,
затоа остави ги на мира.
Извади ја ногата од гробот,
не сметај им во мртвилото.

Секогаш виновен беше некој друг:
последната чашка алкохол,
рѓосаните клинци и кокошкините пердуви
заглавени во калта на задниот праг,
црвите што живееја под увото на мачката
и проповедникот со тенки усни
кој одбиваше да се јави
освен еднаш во сто години
кога доаѓаше моткајќи се низ дворот
во потрага по жртвено јагне.
Се скрив во кујната под торбичката.

Одбивам да се сеќавам на мртвите.
И онака на мртвите им е здосадено сето тоа.
Но ти – ти само терај,
оди, оди долу
во гробиштата,
легни каде што мислиш дека им се лицата;
зборувај им на твоите стари лоши соништа.

НАПИШАНО ОД:

Тимот на Медуза

Jul 7, 2023

Коментари
Scroll to Top