
По настапите низ андерграунд клубовите на прогресивната и телесно ослободувачка Љубљана со дуото NAPRAVI MI DETE, следени од интригантните, за овие простори стилски автентични, а апроприирани од Западот синглови и видеа, КУКЛА конечно го издаде својот деби албум насловен KATARINA овој јануари. Šibedah се чини дека е бензинот кој ужасно добро го подмачкува преминот од првата кон втората половина од албумот на кој ако му се навраќате доволно често ќе забележите дека пружа слатки експлозии на локални, но и глобални посластици, кои самата КУКЛА ги опишува како оддавње почит на српските пејачки од ерата на Милошевиќ и Р’н’Б божиците од ерата на Буш. Од денес на Медуза премиерно го гледаме и фантастичното видео за Šibedah.
КУКЛА најави добар дел од овој материјал со својот пикантно меланхоличен, а истовремено енергичен настап на 5-то издание на Прво па женско, благодарение на нашите другарки од Tiiiit.Inc, а оваа година својата приказна во живо ја пренесува и многу подалеку, меѓу другото и со вчерашниот настап на MENT Festival, овој пат благодарение на нашата другарка Елена од ISKRA Tourbooking. Огромно е задоволството кога ги гледаме овие девојки како се поддржуваат, а добиваме killer песна на неделата.
Дiskorдia
Ивана Драгшиќ
Стефан Богески
НАПИШАНО ОД:
Тимот на Медуза
Jan 31, 2019