1
Срцето ми трепери!
Стојам во кадата
плачејќи. Мајко, мајко
кој сум јас? Кога тој
барем еднаш би се вратил
и би ме бакнал на лицето
со грубите влакна што ми ја галат
слепоочницата што пулсира!
тогаш би можел
да се облечам и да ги мерам улиците.
2
Те сакам. Те сакам,
но се вртам кон моите стихови
и срцето ми се затвора
ко тупаница.
Зборови! болете
како што оболев јас, снеможете,
превртувајте со очите, базен,
а јас ќе зјапам долу
во својата ранета убавина
која во најдобар случај е само талент
за поезија.
Не умее да задоволи, да шармира или победи
жити поетот!
а чистата вода е густа
со крвави удари на главата.
Гушнав облак,
но кога се издигнав
заврна.
3
Смешно! имам крв на градиве
а да, се изнаносев тули
колку смешно место за распад!
и сега врне врз киселото дрвo
додека стапнувам на ивицата од прозорецот
шините под мене се зачадени и
блескотни со страст за трчање
скокам кон лисјата, зелени како морето
4
Сега тивко чекам
мојот катастрофален нарав
одново да се чини убав,
интересен и модерен.
Земјата е сива,
дрвјата кафеави и бели,
снеговите и насмеаните неба
се проретчуваат, помалку смешни,
не само потемни, не само сиви.
Ќе да е најладниот месец од
годината, што мисли тој за
тоа? Односно, што мислам јас? И сѐ додека мислам,
можеби, повторно сум свој.