Медитации во итни случаи – Камерон А. Рич

Препев од англиски: Моника Стојановска

2

Медитации во итни случаи

КАМЕРОН А. РИЧ

 

Се будам и ми се крши срцето. Ги кревам ролетните и возбудата на дождот ми го крши срцето. Излегувам надвор. Се возам во воз, пешачам меѓу зградите, мажи во понеделнички одела. Летот на гулабите, градот од шатори под подвозникот, набиената маса, старата жена која продава рози, децата, сите тие, ми го кршат срцето. Имам сон во кој го сакам светот. Трчам од еден крај до друг како прсти низ нејзината коса. Нема граници, само ветер. Како тебе, се родив и јас. Како тебе, и јас израснав во институцијата на соништа. Рака на срце. Рака на моето глупаво срце.

Оригинал: Meditations in an Emergency, Cameron Awkward-Rich

НАПИШАНО ОД:

Тимот на Медуза

Feb 2, 2024

Коментари
Scroll to Top