Месечината беше само брада од злато
ЕМИЛИ ДИКИНСОН
Месечината беше само брада од злато,
Пред само една ноќ или две—
A сега го сврти совршеното лице
Надолу кон светското поднебје—
Челото нејзино најсветло сонце—
Образот нејзин — бело берилно камче—
Окцето кон летната роса блика
Што во глава ми твори најубава слика—
Килибарните усни ич не ѝ се двојат—
Освен во насмевка што на
Пријателката да ѝ ја подарат можат
По нејзина волја—
A каква благодет е да се биде
Една ѕвезда блиска до нејзиното теме—
Оти може да ја помине оската крај
Твојата блескава врата за скоро време—
Качулката ѝ е сиот свод—
Космосот — нејзин чевел—
Ѕвездите — ѕинѕурки околу појасот—
Поставата — небесна—