Моите илјада љубови
ФИЛИПА САРА ПОПОВА
Овој моно-свет казнува
многустрана љубов
Еден бог, еден партнер,
една држава и една нарав
Мораш сé што си да збереш во Една
и сета своја страст да ја втурнеш во Еден
монотеизам, моногамија, монопол на чувства
слободната љубов не е слободна
во свет изграден од граници
моите 999 љубови се казнети