
Месецов, на 28 јуни 2019 година е 50-годишнината од настаните во Stonewall Inn во Њујорк кои го означија движењето кое го промени светот. Денес, во време кога клубскиот живот е извор на забава и ослободување и кога диџеите/продуцентите се централни ликови во поп-сцената, клучно е да се спомне дека сето ова е резултат на борбата на ЛГБТ луѓето за слобода, во чие отстварување музиката одигра голема улога. Во прославувањето на петте децении од почетокот на движењето за геј ослободување, оддаваме почит на култната њујорошка дискотека Paradise Garage („Гаражата“/„Геј-ражата“) и подемот на диџеј-културата и првите диџеи/продуценти како Larry Levan, чии најпознати песни се’ уште се класики на подиумите низ светот.
Larry Levan десет години беше резидент диџеј во Paradise Garage, клуб кој привлекуваше микс на Афроамериканци, Латиноамериканци, отпадници и припадници на ЛГБТ заедницата. Оваа андерграунд сцена на крајот успеа да има поголемо влијание на електронската музика и од Студио 54.
Larry Levan, меѓу другото продуцираше и песни за неговата група N.Y.C. Peech Boys, создадени за тешкиот ритам и бас на неговите специјално дизајнирани звучници “Levan Horn”.
Овој јуни, песна на неделата на Дiscorдia е On a Journey од единствениот албум на N.Y.C. Peech Boys насловен Life Is Something Special, чиј омот го дизајнираше Keith Haring – уметник чии дела претставуваат иконографија која адресира теми како хомосексуалноста и СИДА-та.
Дiskorдia
Ивана Драгшиќ
Стефан Богески
НАПИШАНО ОД:
Тимот на Медуза
Jun 25, 2019