Надеж е онаа раскрилена птица
ЕМИЛИ ДИКИНСОН
Надеж е онаа раскрилена птица, –
вгнездена длабоко во човековата душа –
пеејќи ја мелодијата без збор –
чија песна вечно се слуша –
Најслатка арија низ ветерот ечи,-
и мора бурен да е тој ветер –
кој би ја засрамил кротката Птица,
што со милост го грее целиот етер.
До најдалечната ледена карпа, –
и морската Шир, нејзината песна
може да се слушне-
но- никогаш,- Особено,
не побарала трошка од мене.
Оригинал: “Hope” is the thing with feathers, Emily Dikinson