Она што нѐ врзува има име:
силни сили, слаби сили.
Погледни наоколу, ќе ги видиш:
кајмакот што се збира во полупразна шоља,
шајки што ’рѓосуваат на местата што ги спојуваат,
споеви што се вжлебуваат од тежината своја.
Начинот на кој нештата се држат цврсто
онаму каде што се оставени—
а гравитацијата, велат научниците, е слаба.
Погледни како месото заздравува
врз раната, со поголема живост,
поцврсто
од претходната едноставна и недопрена површина.
Постои име за ова кај коњите,
кога ќе израсне потемно и испакнато: диво месо,
и како секое парче месо,
гордо на своите рани, ги носи
како значки после битка,
мали победи закачени на градите—
А кога двајца се сакаат,
погледни како да стои
лузна меѓу нивните тела,
посилна, потемна и горда;
како црна нишка што од нив прави една ткаенина
што ништо не може да ја скине ниту скрпи