Остатокот – Рејмонд Карвер

Препев од англиски: Магда Ориѓанска

еко песна

Остатокот

РЕЈМОНД КАРВЕР

 

Над планинскиот венец зад мојава куќа висат облаци.

За брзо ќе згасне светлината и ќе дојде ветрот да ги растера

овие облаци, или некои други, преку небото.

 

Клекнувам на колена, го превртувам големиот лосос

напреку на мократа трева, почнувам да работам со

ножот со кој сум роден. Наскоро ќе бидам на масата во дневната,

ќе пробувам да ги оживеам мртвите.

Месечината и темната вода, моја придружба.

Дланките ми посребриле од крлушките.

Прстите бркаат во темната крв.

Најпосле, ја засекувам џиновската глава.

Закопувам што е за закопување,

а остатокот го задржувам. Фрлам последен поглед

кон светлото што гине. Се вртам кон мојата куќа. Мојата ноќ.

 

НАПИШАНО ОД:

Тимот на Медуза

Apr 1, 2023

Коментари
Scroll to Top