Oстави новото да цути – Лусил Клифтон

Препев од англиски: Грација Атанасовска

Untitled design (1)
Остави новото да цути

ЛУСИЛ КЛИФТОН

 

остави новото да цути
во полињата остави полињата
да смекнат за луѓето
остави луѓето да нежнеат
низ времето остави времето
да се откине од војната
остави војната да биде добиена
остави љубовта да биде
на крај

НАПИШАНО ОД:

Тимот на Медуза

May 26, 2023

Коментари
Scroll to Top