Оценки – Линда Пастан

Препев од англиски: Душица Лазова

песна

Оценки

ЛИНДА ПАСТАН

 

Сопругот ми дава петка

за вчерашната вечера,

недовршено за моето пеглање

4+ во кревет.

Синот вели дека сум просечна,

просечна мајка, 

но ако стварно се потрудам

ќе сум се подобрела.

Ќерка ми верува 

во положен/паднат и вели дека

сум положила. Чекајте само кога ќе чујат

дека се отпишувам.

НАПИШАНО ОД:

Тимот на Медуза

Mar 17, 2023

Коментари
Scroll to Top