просечни телевизиски емисии кои протокот
го прават потежок: арома на кафе од металот и стипшен мирис на белиот кристален шеќер. жешка плоча на печката,
сипување сол
во водата за животни – набројувам, затоа што
треба да се подигне споменик на прецизноста, не на уметноста, тоа е сè.
мистификацијата е тажна и бавна, а поезијата се исклучиво нејзините дланки кога пали лисје и кога одбива да го земе воланот и смрдеата на сопирачките и мирисот на костен.
ова е само
песна – единствено во неа можам да бидам сама,
само во неа можам да престанам; кога ќе успеам,
замислувам како возот ме развлекува по прериите и
јас сум тој воз: клучната машинерија на железницата и причина за подигнување на националните кредити.
низ овој предел
јас дури и не поминувам по својата одамна утврдена патека.