Песна на 30 – Соња Санчез

Препев од англиски: Марија Шаклева

Untitled design (6)

Песна на 30

СОЊА САНЧЕЗ

 

полноќ е

нема вражбен маѓепснички
час за мене
само знам дека 

тука сум и чекам

сеќавајќи се дека 

еднаш како дете

изодив две

милји насон.

дали знаев тогаш
каде одам?

патував.

секогаш патувам.

сакам да ти раскажам

за мене

за ноќите на

кафениот кауч кога

ги виткав моите

коски во влакненца и

одбивав да се помрднам

никој повеќе

не ме допира.

татко не 

праќај ме надвор

меѓу непознати.

ти ти црн мажу

што ја растегаш, ја стругаш

мувлата од твоето тело

еве ја мојата рака

не се плашам

од ноќта.

НАПИШАНО ОД:

Тимот на Медуза

Nov 18, 2022

Коментари
Scroll to Top