Во длабоката есен,
зар не замислуваш
дека лисјата мислат колку
удобно би било да ја допрат
земјата наместо
празнотијата на воздухот
и бескрајните
ветренца? И не мислиш ли
дека самите дрвја,
особено оние со мовливи,
топли пештери, почнуваат да мислат
на птиците што ќе дојдат – шест, десетина – да спијат
во нивните тела?
Не го слушаш ли
златникот кај шепоти
довидување,
тоа вечно битие
крунисано со првите
наслаги снег? Езерцето
исчезнува, и белото поле низ кое
лисицата трча толку брзо
ги изнесува
своите сини сенки. Ветрот ги дуе
своите мевови. Во квечерината особено,
натрупаното огревно дрво
малку се поместува,
чезнеејќи да тргне на својот пат.