Живеам веќе дваесет лична-птичка години
Во овој извонреден голем лична-птичка живот
И мислам дека прилично лична лична-птичка птичка прилично добро знам за што зборувам
Луѓе сакаат да се потсмеваат на моето лична-птичка лично лицкање
На моите лични лична-птичка лични пердуви
Но види ми го долгиот чист капут
Врз моите лични лична-птичка лични розеви нозе
Кога мажите-гулаби по небото ме следат
Среќно со очи желни портокалови демнат
Во моите лични лична-птичка птичји пердуви
Вдлабочено мечтаат по личната-птичка
Влажни сништа напернати гради перјани паради
И лично се смеат слатко на птичка
И лично се смеат на птичка слатка
И прилично птичка птичка лична-птичка птичка прилично лична лична
И презадлабочено мечтаат
И слатко се смеат на вечно-лицкавата лична птичка
Мојата суета е лудост обелоденета се додека не ти го крева
Каква чест меѓу бедра мои да угостам погледи од страст
Со еден здив молат во кревет да ми легнат
А со друг баналност да ми пресудат
Како да станеш сложена ако се што си била учена е да бидеш обична
Мажите-гулаби сакаат личната-птичка да биде лична птичка
Се додека личната-птичка не ги исполни идеалите на привлечноста
Тогаш таа е прелична лична-птичка птичка прелицкана и парализирачка
Види ми го долгиот чист капут
Врз моите лични лична-птичка лични розеви нозе
По небото следи ме
Те молам сликни ме
Лична-птичка лична-птичка сликни ја
Левата страна ми е најубава страна
Имам најубава страна
Имам подобра половина
Јас сум само половина
Лична оти сакаат лична-птичка птичка
Се хранев со лебни трошки каталошки исечоци и улични пукнатини
Што повеќе сакаш да сум
Прилично сум сигурна дека знам за што зборувам
Прилично сигурна
Прилично сигурна
Можеби и не
Извини извини извини извини
Може ли да прашам нешто
Извини извини
Смеам ли смеам ли
Личната-птичка порано пееше
Младата-птичка порано пееше
Младата-птичка беше личната-птичка пред личната-птичка да научи да биде лична
И младата птичка умееше да пее цели симфонии
Итри слоевити мелодии сплотени со поетски небиднини
Ама тогаш оцените и пристигнаа
И тие претпочитаа извинение
Па таа се склопчи
Научи да се свие сама во себе
Да се впили во јајцето од кое се испили
Тивко за да не и се чуе глас
Летна доволно високо
За да можат мажите-гулаби по небото да ја следат
Ама пак пееше прегласно
Па ја фатија во кафез
Поради личниот лична-птичка долг чист капут
Поради личните лична-птичка лични розеви нозе
И рекоа пеј лична дамо пеј
Ама јас заборавив како
Па реков
Лична лична-птичка птичка видете ми го долгиот чист капут
И моите лични лична-птичка лични розеви нозе
Ама сега сум им здодевна веќе
Original: “Song of the Prettybird”, Shay Alexi Stewart