
Песната на сирените
МАРГАРЕТ АТВУД
Ова е таа песна што секој
би сакал да ја научи; таа песна
неодолива:
песната што тера мажи
масовно да скокаат в море
иако ги гледаат заринканите черепи,
песната што никој не ја знае
бидејќи секој што ја слушнал
е мртов, а другите не се сеќаваат.
Да ти ја кажам ли тајната
и ако да, ќе ме извадиш ли
од овој птичји костум?
Не уживам овде
клечејќи на островов
со живописен и митски изглед
покрај двеве пердувести лудачки,
не уживам да пеам
во ова трио, фатално и скапоцено.
Ќе ти ја кажам тајната тебе,
тебе, само на тебе.
Дојди поблиску. Песнава
е крик за помош: Помогни ми!
Само ти, само ти можеш,
ти си поразличен
најпосле. За жал,
песната е досадна,
но успева секојпат.
НАПИШАНО ОД:
Нина Раповска
Apr 7, 2023