Неизлечливо
Ако срцево ми е жигосано,
Со љубовен пламен изгорено,
Посмирена сум – знам од порано
Сè што било, веќе е сторено,
Љубов што те мами, те прави ќор
Што те крева в небо, па фрла в понор
Е истиот пламен, истата страст
Што некогаш горела со иста власт,
И бакнежот, сладок и нов на вкус,
Е повторно само стар импулс.
И секоја клетва шепната в ноќ,
Веќе била речена со истата моќ,
Кога Елена низ светот минала,
Од истите зборови љубов разгорела;
Кога Фаон од срце избегал,
Истиот јад во градите го стегал.
Тажно е, но вистина, знам:
Секој младич е ист по план,
А што е девојка да моли в жар
Љубениот засекогаш да ѝ биде дар?
И нека е силен, и нека е смел,
И нека се колне со глас врел,
Дека ќе згасне ако стане студен,
Пак ќе тргне по патот одамна суден…
Но ти, љубов моја, ти си различен.
Препев: Даринка Давидовиќ
Изворен наслов: Incurable
Наградата на дамата
Дамо, дамо, немој да почнуваш
Со срцето твое да зборуваш;
Зборовите слатки да си ги бистриш;
Не мрмори го она што го мислиш.
Покажи се, со изглед и зборотек,
Брза и плитка ко поточен тек.
Замини брзо и биди ладна
Ко снегот во април што падна;
Биди онолку среќна и мила
Ко мајската цреша што била.
Дамо, дамо, немој да збориш
За солзите со кои лице си гориш –
Да го освои таа него нема,
Дур стравот од губење не ѝ го снема.
Биди мудра и тагата нека ти пројде,
Тогаш добриот ќе ти дојде.
Од сериозност и вистина нема фајде,
Желбата твоја ќе те најде-
И, чедо, ако ова те прави среќна,
Ќе бидеш прва која тоа го стекна.
Препев: Матеј Крстевски
Изворен наслов: The Lady’s Reward
Август
Кога очите ми се како плевел дрски
А усните – цветни ливчиња кои танцуваат
Низ ветровите што почнуваат
Таму кај разбушавенaтa букa
Покрај прибрежните солени трски;
И кога рацете на бозов џбун ми наликуваат
А долгманестите јорговани изникнуваат
Сѐ повеќе преку срцето мое што чука
Лето, ај да те видам!
Осветли ја твојата блескава месечина, и повикај
По ѕвездите-изведувачки да настапат токму кај
Пелирното небо твое кога потемно посинува;
Никогаш пак проколната да бидам
Од жена заљубена и запуштена
Со облека извалкана и излуштена
Влечкајќи се како што минува
Препев: Михаела Мишева
Изворен наслов: August
Црвениот фустан
Секогаш гледав, и велев секогаш,
Кога ќе пораснам и живеам без страв,
Ќе имам фустан најцрвен некогаш,
Од сите најубав,
Дотерана за фрцкање ќе бидам
Еден летен ден,
И ќе ме види некој како идам
И ќе го преврти светот досаден.
Ќе биде тоа момче умно
Со ѕвезди во своите очи
И коса рамна ко гумно,
А со усните вистини ќе точи.
Секогаш не гледав среќни и без маана,
Пофалени од сечија уста.
Сега веќе жена станав…
Еве го имам глупавиот фустан.
Препев: Марија Китановска
Изворен наслов: The Red Dress
Фрустрација
Да имам пиштол што сјае,
забавата вечно ќе трае.
Куршум низ глава би летал
на секој еден што ми сметал.
Или да имам отровен гас
па да го минам овој час
труејќи еден куп луѓе
што за мене се само туѓи.
Но смртоносно оружје немам –
сѐ на судбината чекам.
Па така тие се здрави и прави,
а во пеколот треба да се нивните глави.
Препев: Фросина Конеска
Изворен наслов: Frustration