Тенкови се тркалаат низ прашина, низ полиња со модри патлиџани.
Растурени кревети, на небото молњи, брат ми
скока до прозорецот да ги гледа воените авиони
како летаат низ облаци од чад
по воздушните напади. Воени авиони што личат на орли
бараат гранка од дрво за да слетаат,
да здивнат, но овие метални орли
фаќаат души во чинија супа од крв и коски.
Не ни треба радио.
Вестите сме ние.
Мравкини уши болат од секој куршум
испукан од гневни митралези.
Војниците напредуваат, палат книги, малку чад
свиткани листови од вчерашен весник, исто како што правеа
како деца. Нашите деца
се кријат в подрум, потпрени на бетонски столбови,
со главите меѓу колената, а родителите молчат.
Влажно е таму долу, а топлината од запалените бомби
додава на бавната смрт
на преживувањето.
Во септември 2000, откако купив леб за вечера,
видов хеликоптер како испукува ракета
во кула оддалечен од мене колку и моите преплашени крици
кога слушнав бетон и стакло како паѓаат од високо.
Векните леб станаа бајати.
Во тоа време имав само 7 години.
Бев децении помлад од војната,
неколку години постар од бомбите.
Познатиот палестински поет и писател Мосаб Абу Тоха е еден од добитниците на Пулицеровата награда оваа година за собраните есеи објавени во The New Yorker, во кои ја документираше реалноста и страдањето на Палестинците во Газа, каде што го поминал речиси целиот свој живот.
Неговите есеи го прикажуваат „физичкото и емоционалното уништување во Газа, во комбинација на истражувачка сторија и интимни мемоарски записи, за да го доближат палестинското искуство во изминатите осумнаесет месеци војна со Израел“, соопшти Пулицеровиот одбор во понеделникот.
Абу Тоха во 2023 беше притворен од израелските сили на контролен пункт додека се обидувал да избега од својот дом во Беит Лахија, северна Газа, заедно со сопругата Марам и нивните три мали деца. Во и3раелски притвор, според неговото сведоштво, „ме разделија од семејството, ме тепаа и испрашуваа“. По извесно време успеал да избега и да замине во САД благодарение на меѓународниот притисок што го вршеа неговите пријатели во јавноста.