Прегратка – Марк Доти

Препев од англиски: Љупчо Петрески

1

Прегратка

МАРК ДОТИ

 

Не ти беше добро или уште не беше болен;

само малку уморен, твојата убавина

обоена во тага или исчекување, што вгнезди

во твоето лице замислена, длабока милост.

 

За момент не се посомневав дека си мртов.

Знаев дека тоа е вистина, дури и во сон.

Како да си бил излезен – или на работа можеби? –

си имал убав ден, скоро исполнет.

 

Како да се селевме од некоја стара куќа

каде сме живееле, кутии насекаде, нешта

на сите страни: тоа е приказната во мојот сон,

но дури и заспан се шокирав од приказната

 

на твоето лице, физичкото постоење на твоето лице:

на сантими до мене, мазно-бричено, пријатно, загрижено.

Зошто е толку тешко, да се запамти вистински изгледот

твој? Без фотографија, без дамка?

 

И кога го здогледав твоето ранливо, познато лице,

твојот непогрешлив поглед ја отвори сета топлина

и јасност за тебе – топол кафен чај – кој го пиевме

и двајцата кога ни беше дозволено да сонуваме.

 

Благословен да си. Се врати за да можам да те видам

уште еднаш, онака, па да легнам покрај тебе

без да помислам дека оваа среќа скратила нешто,

без да помислам дека си жив пак.

НАПИШАНО ОД:

Тимот на Медуза

Dec 1, 2023

Коментари
Scroll to Top